Skip to main content
КошничкаClose Cart

Грашок манџа со печурки

Потребни ви се:


300гр грашок
150гр боранија
3 моркови (1 цел морков, 2 исецкани моркови)
1 пиперка (цела)
1 кромид (исецкан)
1 компир (цел)
200гр свежи печурки (исецкани)
200мл доматен сос
3 лажици маслиново масло
Зачини и сол по желба

Начин на подготовка:

Маслиновото масло загрејте го кратко, а потоа додајте ги сите зеленчуци во тенџерето и динстајте 10-тина минути. Потоа додајте го доматниот сос, и зачините, и додајте вода колку да се залијат зеленчуците. Варете околу 30-40минути, и на крај, извадете ги и изблендирајте ги пиперката, целиот морков и целиот компир. Вратете го блендираниот зеленчук во манџата, провријте уште кратко и тргнете од оган.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска