Едноставен мајонез од индиски ореви
![](https://thehealthieryou.mk/wp-content/uploads/2021/08/pexels-marta-branco-1295572-2.jpg)
Потребни ви се:
1 шолја сирови индиски ореви
1/3 шолја ладна вода
2 лажици свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка сенф
1 лажичка лук во прав
1/4 лажичка хималајска сол (или помалку, спрев вашиот вкус)
Начин на подготовка:
Индиските ореви прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат околу 20-тина минути. Потоа исплакнете ги и истурете ја таа вода. Потоа измешајте ги сите состојки и блендирајте ги во блендер или во процесор за храна. Блендирајте колку што е потребно за да добиете хомогена смеса. Доколку е потребно исклучете го блендерот, за со лажица да ги исчистете страниците на блендерот и смесата да може да се изблендира целосно. Количината на сенфот, солта и лимоновиот сок, прилагодете ја според вашиот вкус.