Skip to main content
КошничкаClose Cart

Боранија со печурки и зеленчук

Начин на подготовка: 450гр замрзната боранија се вари со еден цел морков, еден исецкан морков, 2 цели мали компирчиња, 1 кромид и две чешниња лук;

Откако тоа ќе се свари се блендираат целиот морков, компирите, лукот и кромидот со малку вода од таа во која што се варела боранијата а другата вода ја фрлам за да биде погусто јадењето;

Потоа во тавче за печење се сецкаат 500гр свежи шампињони, се става боранијата и блендираниот зеленчук, се ставаат зачини (хималајска сол, куркума, босилек, оригано, бибер), и маслиново масло, и се пече околу половина час на 180степени целзиусови. Доколку сакате може да додадете и малку хељда/просо во оброкот.