Skip to main content
КошничкаClose Cart

Посен ориз со зеленчук

Потребни ви се:


200мл ориз
500мл вода
1 мала тиквичка исецкана на коцки
1 мал модар патлиџан исецкан на коцки
15тина шампињони исецкани на помали парчиња
1 морков исецкан на коцки
200гр грашок
1 пиперка исецкана на помали коцки
2 лажици маслиново масло
сол и зачини по желба

Начин на подготовка:

Сите зеленчуци се сецкаат на поситни парчиња, и се динстаат на маслиново масло. Потоа се додава измиениот ориз, се зачинува по желба и се додава вода. Можете да го печите оризот во рерна, а јас го правам во мултиготвач, на програмата за ориз која трае 9 минути. Доколку печете во рерна, печете на околу 180 степени целзиусови, околу 25-30минути. Оваа количина е доволна за тројца возрасни.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска