Skip to main content
КошничкаClose Cart

Потребни ви се:

За тестото

  • 1 1/3 шолја спелтино, или овесно брашно
  • 1/4 шолја интегрален или кокосов шеќер
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 шолја маслиново или кокосово масло
  • 2 лажици вода

За филот

  • 4 шолји излупени јаболки кои што ќе ги исецкате на потенки парчиња (околу 400гр)
  • 1 лажица мед
  • по избор: 1/2 шолја сирови ореви, мелени
  • По избор: 1/2 шолја суво грозје

За одогзора

  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 1/2 шолја спелтино или овесно брашно
  • 1/2 шолја интегрален или кокосов шеќер
  • 1/4 шолја кокосово или маслиново масло  
  • 1/8 лажичка сол

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзијусови.
  • Обложете кружна тава, со хартија за печење. Во сад измешајте ги сите суви состојки за тестото/кората, а потоа додајте ги водата и маслото, за да замесите тесто. Потоа, тестото ставете го во тавата за печење, распоредете го на дното на тавчете, и печете го околу 12 минути. Во меѓувреме, измешајте ги јаболките со медот и додајте додатоци по избор, па сето ова додајте го врз испечената кора. Во трет сад измешајте ги сите состојки кои се додаваат во последниот слој, кој се става одозгора. Потоа распоредете ја оваа мешавина, врз јаболките, подеднакво. Вратете ја питата на печење, и печете околу 50-60мин или додека јаболките не станат меки. Потоа оставете питата да се излади околу 20-тина минути, пред да ја извадите од тавата. Се препорачува, питата да се пече во тава со дно кое што се вади, за да можете полесно да ја извадите на крај.