Индивидуална програма за исхрана

1500ден2000ден

SKU: IVIP1 Категорија

Опис

Програмата ја добивате во електронска верзија.

Индивидуалната програма за исхрана се изработува индивидуално за секој клиент, според потребите на клиентот и се прилагодува на неговата здравствена состојба и навики во исхраната. Соработката за креирање на индивидуална програма за исхрана може да се одвива целосно онлајн, или преку средби во канцеларијата во Кавадарци.

Програмата содржи 2 различни 7 дневни менија за исхрана кои што се повторуваат по два пати, за времетраењето на програмата.

Програмата трае 4 недели, и во цената се вклучени и 4 консултации со нутриционист.

Првата програма чини 2000 денари, а секоја следна 1500 денари.

Индивидуалните програми за исхрана можат да бидат наменети за:

Лица со покачена телесна маса, лица кои се дијабетичари, лица кои боледуваат од Хашимотов тиреоидитис, лица со анемија, лица со покачен крвен притисок, лица со алергии, трудници, доилки, мали деца, лица со останати нутритивно поврзани болести.